Познати сите учесници во нокаут фазата во Лигата на Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва се одиграа последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа, со што се дознаа сите тимови кои ќе играат во ова натпреварување и идната година во 1/16 финалето.

Последни екипи кои влегоа во нокаут фазата во Лигата на Европа се Макаби Тел Авив и Волфсбергер.

Израелскиот тим го совлада Сиваспор со 1:0, и заедно со Виљареал обезбеди пласман во следната рунда.

Ова се екипи кои ќе се натпреваруваат во 1/16 финалето, а ждрепката е во понеделник во 13 часот:

ПРВОПЛАСИРАНИ: Рома, Арсенал, Баер Леверкузен, Глазгов Ренџерс, ПСВ, Наполи, Лестер, Милан, Виљареал, Тотенхем, Динамо Загреб и Хофенхајм.

ВТОРОПЛАСИРАНИ: Јанг Бојс, Молде, Славија Прага, Бенфика, Гранада, Реал Сосиедад, Брага, Лил, Макаби ТА, Антверпен, Волфсбергер, Црвена Звезда.

ТРЕТОПЛАСИРАНИ ОД ЛШ: Салцбург, Шахтјор, Олимпијакос, Ајакс, Бриж, Динамо Киев, Манчестер Ј.