Денеска и вчера се одиграа натпреварите од шестото, последно коло во Лигата на шампионите, по што и официјално се познати патниците во нокаут фазата идната година.
Вчера своето учество го обезбедија или потврдија тимовите на Барселона, Јувентус, Челзи, Борусија Дортмунд, Лацио, Лајпциг и Севиља, а денеска го потврди и ПСЖ откако го одигра дуелот со Башакшехир кој беше прекинат вчера поради расизам.
Денеска пласман во следната фаза обезбеди и најтрофејниот тим Реал Мадрид, кој го совлада Борусија Менхенгладбах. И германскиот тим е во 1/8 финалето, откако Интер не го совлада Шахтјор (одигра 0:0), со што Интер испадна, а Шахтјор продолжува во Лигата на Европа.
Пласман во следната фаза низ денешните мечеви обезбедија и Аталанта, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Порто и Ливерпул.

Пласман во Лигата на Европа обезбедија: Салцбург, Шахтјор, Олимпијакос, Ајакс, Краснодар, Бриж, Динамо Киев и Манчестер Јунајтед.
Ждрепката е на програмата во понеделник во 12 часот.
