Познатиот голфер Вудс хоспитализиран со повеќе повреди на нозете по тешка сообраќајка во Лос Анџелес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петнаесеткратниот победник на „Мејџор“ турнирот, голферот Тајгер Вудс со тешки повреди на нозете синоќа е внесен во операциона сала во една болница во Лос Анџелес.

На него била направена и операција.

Сообраќајната несреќа во која учествуваше Вудс се случи вчера во Лос Анџелес. Тој бил сам во автомобилот кој излета од патот при голема брзина.

За да го спасат Вудс, пожарникарите мораа да го исечат автомобилот. 

Од полицијата соопштија дека Вудс треба да биде среќен што е жив и среќата го спасила од најлошото.