Прашањето со операционите сали на владина седница, Таравари назначи 9 нови директори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За решението за операционите сали може да се дискутира уште на првата владина седница, вели министерот за здравство Арбен Таравари кој најави инсталирање на нов систем со цел да не се загрозува животот на пациентите.

Новиот министер за здравство веќе смени 9 директори на клиниките. На Токсикологија е назначен професорот Чибишев а на Неврологија екс министерот Меџити.

Освен тоа тој верува дека набрзо ќе биде предложен закон да нема економски директори на клиниките. Тврди дека има недостиг од кадар, проблематика за која треба да се најде решение.

Што се однесува до приватните специјализанти, Таравари рече дека ќе најдат решение и дека доколку ги вработат, да ги поддржат да останат во земјава а не по 1 или 2 години да си заминат од државата.