Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски објави дека е позитивен на коронавирус. Муцунски е и меѓународен секретар на партијата.

„Пред малку добив резултат дека сум позитивен на Ковид-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен“, напиша Муцунски.

Последиве неколку месеци, повеќе пратеници беа во изолација поради тоа што беа позитивни на коронавирус.

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица, предлог – измените се затрупани со над 3 000 амандмани, чија цел е да се спречи владејачкото мнозинство да ги изгласа.

Опозицијата тврди дека овозможувањето онлајн вклучување на пратениците е противуставно и ја обвини власта дека сака на ваков начин да си обезбеди мнозинство, во услови кога дел од пратениците од мнозинството беа во изолација.