Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, синоќа во „Клик Плус“ рече дека пратеникот Кастриот Реџепи бил доста гласен за уривање на Владата во периодот кога се собирале потписите. Николовски во студиото на ТВ21 донесе и четири листи со потписи и додаде дека Реџепи свесно се потпишал на сите, а истовремено постојано зборувал против Владата и премиерот Зоран Заев.
Но, пратеникот Реџепи, в понеделник исто така во емисијата „Клик Плус“ рече дека не знаел за што ги потпишал четирите листи, додавајќи дека знаел само дека едниот список е за уривање на Владата „Зоран 2“.
Кастриот Реџепи: Требаше да се потпишат четири листа и јас реков…
Ф.А: Значи точно е дека се потпишани 4 списоци за 4 различни теми: за уривање на Владата, за формирање нова Влада, за претседателот на Собранието и за предвремени избори?
К.Р.: Ова е информацијата, меѓутоа списоците што ги потпишавме немаа наслов…
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа во емисијата „21 Анализа“ рече дека по неуспешниот обид на опозицијата да ја урне Владата, главна тема на социјалдемократите е зајакнување на парламентарното мнозинство.
Пратеникот Кастриот Реџепи токму на денот кога требаше да се гласа за доверба на Влада, не се појави во законодавниот дом. Се огласи со статус на Фејсбук преку кој порача дека е добро и објасни зошто не дојде на седницата.
