Пратениците едногласни за укинување на економските директори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На вчерашната 11. седница, пратениците едногласно, со 81 глас „за“, го испратија Предлог-законот за изменување на Законот за здравствена заштита на понатамошно читање. Измените во законот се однесуваат на укинување на позициите на економски директори во сите 40 болници и јавни здравствени установи низ земјата.

Оваа промена е дел од широките реформи кои се најавени во секторот, со цел да се намалат административните трошоци и да се зголеми ефикасноста во управувањето со здравствените институции.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека досегашното назначување на двајца директори во болниците создавало паралелизам и дополнителни трошоци, што го отежнувало ефикасното функционирање. Тој додаде дека оваа мера е само прв чекор кон поголемите реформи што ќе следат, вклучително и планот за интеграција на Клиничкиот центар во Скопје.

Исто така, Таравари најави дека секој град во земјата ќе има своја општа болница и дека во рок од една година ќе биде донесен нов закон за здравствената заштита кој ќе ги вклучува сите овие промени.