Пратениците го изгласаа законот за државјанство – Села и Гаши им честитаа на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Имајќи ги предвид дезинформациите кои се пласираа, јас сум убеден дека за жал вие го немате прочитано законот, ниту вие, ниту пак многу други пратеници кои го оспоруваат“, истакна Халил Снопче.

Оваа дебата му претходеше на гласањето на Законот за државјанство, кој беше усвоен во законодавниот дом. Откако законот ќе излезе во „Службен весник“, се очекува веќе граѓаните да не наидуваат на пречки за добивање државјанство. Државјанството ќе може да се добие со приложување лични документи, извод од матична книга на родени, работна книшка, имотен лист, сметки за комуналии, здравствена книшка, платен данок и други слични документи. Лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, им честитаа на сите за ова достигнување. 

„Ќе ја искористам приликата да информирам и да ги повикам сите оние чие внимание најмногу беше свртено кон Законот за државјанство, а тоа се граѓаните кои досега немаа државјанство. Ја користам приликата да им честитам. За краток временски период тие ќе имаат право да аплицираат и на повеќето од нив ќе им биде потврдено државјанство, согласно законот кој штотуку го поминавме“, вели Зијадин Села.

„Со овој закон не придобија само Албанците, туку и сите останати граѓани кои беа лишени од ова елементарно право. Наш фокус не беше да ставиме во функција етнички права, иако повеќето Албанци беа дискриминирани“, посочи Африм Гаши.

Честитки пристигнаа и од пратеникот на ДУИ, кој призна дека има граѓани без државјанство, но уверува дека нивниот број не е толку висок, како што алудира албанската опозиција.

„Ако ова е точно… Вистина е дека има граѓани кои за жал сѐ уште немаат државјанство. Ние претходно во неколку наврати рековме дека не станува збор за 70 илјади граѓани, како што алудираше опозицијата, туку напротив, станува збор за помал број“, додаде Арбр Адеми.

Инаку, законот беше изгласан со 57 гласа „за“ и 32 „против“. Законот е доставен со европско знаменце, со цел да ја избегне блокадата од страна на македонската опозиција.