Пратениците ќе куртулат од обвиненија – наместо демократија, се почесто насилство во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наместо место каде што ќе се вежба демократија, се почесто Собранието станува место на агресија. Првите искри на Комисијата за Европски прашања беа вчера во попладневните часови.

Пратеникот на ДУИ Арбр Адеми доби расекотина на раката.

„Јас не верувам дека има ваков пример во европските земји кога еден претседател на комисија, во неговата маса се напаѓа од пратениците, било вербално или преку навреди, или погрдни зборови, но или преку физички контакт. (03,04) Најавите за тензии во Собранието не се напарени  од наша страна, но од опозицијата, и продолжуваат со реализација на нивни агенди, за кои со сомневам дека за основа имаат странски центри кои не и го сакат доброно на граѓаните“, вели Арбер Адеми. 

Продолжението на седницата не донесе поразлична слика.

„За да вчера на Арбр Адеми му се исклучи тотално системот и да почне да не гаѓа со филџани со цврсти предмети по глава. Не сме ние тие што предизвикуваме насилство. Ние само реагираме на овој вид на насислтво кој што го кријат позади деловникот и ова Собрание“, посочи Дафина Стојановска.

За заменик претседателката на Комисијата Арта Билали, пратениците од опозицијата направиле се за да дојде до овој инцидент. Од друга страна пак за Алијанса на Албанците ова е само покажување на вистинското лице на ДУИ.

„Значи целиот револт, тоа сто се случи во седница на комисија за европски прашања, е револтот кој пратениците на ДУИ, е цел ДУИ, во континуитет го имаат со пратениците на Алијанса за Албанците. Друга работа е како тие се обидуваат да го пласираат и да го продаваат во јавност. Секогаш се пратениците на АА на кој има тенденција за да и се земе правото на збор“, рече Илире Даути.

„Овие се конкретни ситуации  за кои верувам дека Спикерот на Собранието не треба да се крие позади камери и после тоа сто се гледа во видеата , но треба са преврземе одговорности така како што тој често сака се се изјасни како првиот човек на собранието, а првиот човек на собранието нема само привилегии но има и одговорности, кои во ситуации како тоа вчерашната но КЕП“, истакна Фадиљ Зендели.

Пратеници од СДСМ преку социјалните мрежи изразија поддршка за колегите од албанската опозиција.

Расправата е за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, треба да им се продолжи работниот век, до изборот на нови.

Пратениците инволвирани во овој скандал ќе куртулат од обвинение, оти филџан, тацна и микрофон не се сметаат за опасно орудие.