Пратениците се вратија во старата сала за пленарни седници „Македонија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После неколку месеци, пратениците во Собранието денеска се вратија во старата сала „Македонија“ во парламентот.

Поради коронавирусот и протоколите, пратениците ги одржуваа седниците во Големата сала, под куполата во Собранието, каде што имаше и дистанца.

Враќањето доаѓа по вакцинација на пратениците и после намалувањето на бројките на новозаразени со коронавирусот.

Во изминатите месеци имаше и отсуства на пратеници поради зараза со коронавирусот, а една седница беше одржана со присуство на позитивни пратеници кои гласаа од посебна просторија и беа спроведени под посебни протоколи во Собранието.