Правда бара иситување на случајот со нападнатиот новинар од страна на извршител

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за правда побара од Комората на извршители  да го испита случајот поврзан со новинар а во кој е  инволвиран извршител  од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.

Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување.