„Правете често контроли за да живеете“ – апел на Лиридона која ја загуби мајка си поради рак на дојка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу рано ја загуби мајка си како последица од рак на дојка. Затоа, Лиридона Беќири ги повикува сите жени да не ги изоставуваат редовите прегледи.

И лекарите апелираат за почести контроли.


-Правете прегледи вие, а и вашите мајки, бидејќи тие се исклучително интересна категорија, кои за да не им предизвикуваат проблем на децата, на семејството, на блиските се запоставуваат себеси. Треба редовно да се прегледувате и вие, и тие, вели лекарот Неџати Јакупи.

Кампањата против ракот на дојка е во организација на општина Чаир во соработка со Здружението „Езра“

-Се собравме за да ја подигнеме свеста на сите, и на жените, и на мажите дека занемарувањето и изоставувањето на прегледи може да нѐ однесат само на еден пат – пат од кој нема назад, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

По настанот, жените кои присуствуваа имаа можност бесплатно да се консултираат со лекарите околу болеста рак на дојка.