Патнички авион Боинг 737 на компанијата Сривиџава Ер, кој полетал од Џакарта во Индонезија, изгубил контакт со контролниот лет.
Според првите информации во авионот имало 59 патници, вклучувајќи седум деца, од кои три биле новороденчиња.
Последниот контакт со авионот, со повикувачки знак SJI182, е воспоставен во 14:40 часот по локално време.
Според податоците за регистрација, авионот е 27-годишниот Боинг 737-500. Локалниот превозник Сривиџава Ер соопшти дека се уште се собираат информации за летот.
Но, не се работи за авионот 737 Мак, модел на Боинг кој во последниве години учествувал во два големи пада.
Првиот од нив, во октомври 2018 година, вклучува лет на индонезискиот Лав ер, кој падна во морето околу 12 минути по полетувањето од Џакарта, при што загинаа 189 лица.
Несреќи со авиони се релативно чести во Индонезија поради пренатрупаноста, како и стареењето на инфраструктурата, но и лошите безбедносни стандарди, пишува Би-Би-Си.
