Иако пред повеќе од еден месец се купени, сепак автобусите сѐ уште не почнале да сообраќаат низ Тетово.
На ова, градоначалничката Теута Арифи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека разговараат за работи кои претходно градот ги немал, но ги прави сега.
„Имаме автобуси, имаме јавно претпријатие за превоз и сега разговараме за работите кои градот претходно ги немал, а ги прави сега“, вели Арифи.
Таа објасни дека не е лесно да се започне од почеток и да му се даде на градот нешта што ги немал никогаш, како што е јавниот превоз.
ТВ21: Се сеќавате кога прв пат ветивте јавен превоз? Не е на последните избори кога рековте дека ќе имаме јавен транспорт? Иако има четири години од тоа ветување, ми велите дека не е ништо тоа што дошле автобусите, но немаме возачи бидејќи Тетово никогаш немало јавен транспорт.
„Во последната емисија кога говоревме, рековме дека сме во набавка. Денес по 5 месеци говориме за реални нешта и за автобуси кои се веќе таму. Во исто време говориме за процедура за ангажман и за регистрација, како и други технички работи кои се дел од процесот. Но сакам да ги уверам граѓаните за фактот дека автобусите кои ги немале претходно, сега ќе ги имаат низ нивните улици, на време и како што треба, за да можат да се движат”, порача Арифи.
