Пред Рамазан раздвижена атмосфера на пазарите – граѓаните се жалат на високите цени, продавачите за непродажбата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Раздвижена атмосфера на Бит Пазар, ден пред почетокот на светиот месец Рамазан. Граѓаните ги полнеа кесите колку што им дозволува џебот. Беше поразлично од друг обичен ден. Денеска можеше да се забележат голем број граѓани на пазар кои излегле да купат прехранбени производи. Тие се жалат дека оваа година цените се поскапи.

„Прехранбените продукти се скапи, катастрофа. Рамазан е, луѓето немаат пари“.

„Некаде се добри, некаде поскапи, но што да правиме, времето си го прави своето“.

„Цените се малку поскапи, некој излегол еве, некој не“.

Чичко Хамзи Азири 75 годишник излегол на Бит Пазар да продава. Тој вели дека од утрово имал мала продажба поради економската криза.

„Нема продажба. Многу слабо. Што е оваа работа, Господ нека прави добро да биде. Ако има пари, има и продажба, ако нема пари народот, нема ни продажба. Стоката останува цела по пазарот внатре и надвор“, истакна Хамзи Азири.

Од друга страна за едно 4 члено семејство според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, потребни се 33.771 денар за покривање на основните трошоци. Сега трошоците се зголемени за 831 денарт, односно 300 денари повеќе за храна и 400 денари повеќе за сметки.

Заводот за статистика пресметал дека прехранбените производи на годишно ниво се зголемени, најмногу маслото за готвење за 14%. На рафтовите низ маркетите цената на маслото изнесува 100 денари.