Раководството на кампањата на демократскиот кандидат на американските претседателски избори Џо Бајден побара денеска одложување на претседателската дебата закажана за 15 октомври, имајќи ја предвид одлуката на претседателот Доналд Трамп да не учествува лично на неа, бидејќи е одлучено дуелот да биде виртуелен.
– Имајќи предвид дека претседателот одби да учествува во дебатата на 15 октомври се надеваме дека Комисијата за претседателски дебати ќе го одложи тој настан за 22 октомври, со цел претседателот да не може да ја избегне одговорноста, наведува портпаролката на предизборниот тим на Бајден, Кејт Бедингфилд.
Таа најави дека Бајден следната недела директно ќе одговара на прашања од гласачите.
