Слепите и оние со оштетен вид, освен пречката со видот, немаат услови ниту за движење, работа и превоз. За Фисник Селими од Чаири најпроблематични делови за движење се тротоарите зафатени со стоки и автомобили.
„Има многу проблеми и потешкотии, но најголемите потешкотии се што тротоарите се многу кратки а покрај тоа има и паркирани автомобили и стоки за продажба итн. Со помош на оваа алатка, белиот стап ми покажува каква било пречка што ја имаме на страна, десно, лево или можеби дури и напред“, вели Фисник Селими.
Фисник е во животна опасност кога го поминува патот. За да ги сигнализира автомобилите, тој го користи својот бел стап.
„Додека поминував на пешачки, трипати го кренав стапот за да им дадам знак на автомобилите да застанат бидејќи поминувам. Ако три пати го дигнам стапот, им сигнализирам на автомобилите а тие не застанува, јас имам право да се движам. Ако има сообраќајна несреќа, тогаш тоа не е моја вина“, додава Фисник Селими.
Друг проблем за Фисник и другите како Фисник е градскиот транспорт. Тие немаат начин да знаат која автобуска линија пристигнала на станицата и на кој автобус треба да се качат.
„Ако дојдам со мојот асистент, тој ми кажува. Ако дојдам сам, многу е тешко. Овде немаме ни тајмери, но и да ги има, тие треба да бидат со звук што покажува, на пример, дека автобусот број 20 или кој било друг број ќе пристигне за две, три или пет минути итн“, порача Фисник Селими.
Во Скопје има многу малку патеки за оваа категорија на граѓаните кои ги ориентираат слепите лица при движењето. Суарет Алишан од коалицијата „Менуваме“ вели дека вакви патеки има само во Центар кај Градската болница, но и тие не се направени според меѓународни стандарди.
Алишан упати повик до градоначалничката на Скопје за да гу подобри условите за слепите лица.
Од Град Скопје велат дека постојано преземале мерки за подобрување на инфраструктурата за слепите лица.
„Градот Скопје е во постојана комуникација во однос на оваа проблематика досега има поставена звучна сигнализација на 20 крстосници и пешачки премини согласно барањата. Град Скопје при изработката на проекти за изградба на нови сообраќајници планира тактилни патеки за слепи и слабовидни лица. Секоја година околу 350 слепи и слабовидни лица добиваат бесплатен годишен билет за јавен градски превоз“, порачаа од Град Скопје.
Инаку само во Скопје неофицијално живеат околу 2500 слепи лица, а во цела Македонија околу 6200 лица.
