Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите на собраниска седница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина во затворите како и  генерална и општата безбедност во државата коja ќе се постигне со формирање на Единицита за затворско разузнавање и Единицита за интервенции. Воспоставувањето на системот за видео надзор и користење боди камери во установите ќе доведе до  намалување на корупцијата во казнено-поправните установи .

Со промената на дел на кривичното законодавство во земјава,  се јави потребата и од менување на  Законот за извршување на санкциите.
Како причина за носењето на овој закон е и менувањето на затвореничката структура во Република Северна Македонија, појавата на се поголем број на радикализирани осудени лица, како и потреба од допрецизирање на начинот на кој што осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење со што ја бираа  казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната.
Со законот се подобруваат условите и правата од работен однос на вработените во Управата и вработените во КПУ и ВПУ .