Собранието денеска го даде на натамошна постапка предлогот за измени на Законот за енергетика, кој предвидува намалување на цената на струјата од 1 јули.
Предлог-законот ќе се разгледува од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правната комисија.
Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска информираше дека продолжението на осмата собраниска седница за овој закон ќе биде дополнително закажано.
Со законот се предвидува контрола на трендот на цените на струјата, со што ќе се заштитат граѓаните од ценовни шокови.
