Предлогот за разрешување на Коцевски стигна во Собранието – во исчекување спикерот Гаши да ја закаже седницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Во Собранието денеска пристигна Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За натамошната процедура, од Собранието најавуваат дека ќе информираат дополнително. Постапката за разрешување на Коцевски, која беше запрена по трагедијата во Кочани, а привремено стопирана во изборниот период, продолжи со одлука донесена од страна на Владата. Како што изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, кога Владата ја усвои одлуката, разрешувањето се предлага поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што, како што рече, доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Како последица на сторените повреди, во изминатиот период е „евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на институцијата“.