Предвремени избори во Германија во февруари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владејачката партија и најголемата опозициска партија во Германија постигнаа договор за одржување предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година, објавија локалните медиуми.

Германската агенција ДПА објави дека Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, нејзиниот коалициски партнер Зелените и опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) постигнале договор за датумот на предвремени избори за време на преговорите во Берлин.

Договорот беше постигнат помалку од седум дена откако лево-либералната коалициска влада на Шолц пропадна поради спорови со либералните Слободни демократи (ФДП) околу економската политика.

Шолц минатата недела рече дека може да побара гласање за доверба на владата во јануари, со што ќе се отвори патот за предвремени избори во март.

ЦДУ, како што пренесува Анадолија, инсистирала предвремените избори да се одржат најдоцна во февруари.

По овој компромис, конечната одлука за датумот на изборите ќе ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој има клучна улога во процесот на распуштање на парламентот и распишување избори.