Од 17:00 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во целосен прекин за сите видови возила, информираат од надлежните служби.
На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, и покрај влажните коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но засега не претставуваат пречка за движење на возилата.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, без оглед на моменталните временски услови.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
