Прекрасен почеток на Новата година – Британец освоил 39 милиони фунти на лотарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден среќен добитник во Велика Британија го освои Џек Пот-от на лотаријата „Јуромилиони“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.

Други 10 играчи освоија еден милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер, пренесува Би-Би-Си.

„Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата Јуромилионс во Велика Британија“, рече Картер.

Победничката комбинација се состои од броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и таканаречените среќни sвезди 1 и 9.