Во дерби натпреварот со кој вечерва се комплетираше четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ-, тетовска Шкендија ја совлада Струга со 2-1 (1-0) и остана со максимален ефект во новата сезона.
Шкендија до својата четврта прволигашка победа дојде со голот од пенал на Ибраими во 86/ минута, откако претходно Ндзенгуе му донесе водство на тетовскиот тим во 29. минута, а Малески израмни од пенал по еден час игра на ФФМ Тренинг центарот во Скопје.
Во рамки на четвртото коло, Вардар попладнево ја прекина низата од два порази, совладувајќи го Силекс со 4-1.
ПМФЛ – 4 коло:
Скопје – Тиквеш 1-1 (одиграно во петокот)
Брегалница – Башкими 3-0 (петок)
Шкендија Арачиново – Арсими 0-2 (сабота)
Вардар – Силекс 4-1
Шкендија Тетово – Струга 2-1
Табела: Шкендија 12, Силекс 7, Тиквеш 7, Струга 7, Брегалница 6, Арсими 6, Вардар 6, Шкендија Арачиново 4, Скопје 2, Башкими 0.
