„Премиерот треба да смени луѓе кои се на раководни функции свесни за проблематиката со Законот за извршување, и да го смени министерот за правда“.
Ова го изјави Марјан Ристески, претседателот на Конфедерацијата на Синдикални организции на Македонија вечерва во Бизнис21 на ТВ21, зборувајќи за законот за извршување, кој, според него е штетен за граѓаните.
„Треба да дојде министер кој ќе слушне кој е проблемот со извршувањето. Овој проблем е со години наназад, а извршителите се освестиле дека не е нешто во ред“, рече Ристески.
Целата изјава низ следното видео:
