Премиерот на Гренланд: Ние не сме на продажба, не сакаме да бидеме ниту Американци, ниту Данци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека неговиот народ не сака да се приклучи на Соединетите Држави, откако претседателот Доналд Трамп уште еднаш ја повтори неговата намера да го припои Гренланд кон САД.

„Не сакаме да бидеме ниту Американци, ниту Данци. Ние сме Гренланѓани, и Америка и нејзиниот лидер мора да го разберат ова“, рече Егеде, шест дена пред парламентарните избори на Гренланд.

„Не сме на продажба. Ние на Гренланд ќе одлучиваме ние“, додаде тој.

Трамп вчера во Конгресот уште еднаш го повтори интересот за Гренланд.

„Ќе ве заштитиме, ќе ве збогатиме и заедно ќе го донесеме Гренланд во визочини кои никогаш не сте мислеле дека се можни“, изјави Трамп.