Премиерот Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска имаше средба со авторите на филмот ,,Медена земја”, документарецот кој од премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари 2019 година, освои десетина други највисоки филмски награди во светот и беше номиниран на 92-та церемонија на Оскарите во две категории: за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Поздравувајќи ги режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума, премиерот Спасовски уште еднаш им честиташе на филмските работници за значајниот успех, и заедно со своите колеги од Владата во опуштена атмосфера им ја искажаа огромната благодарност, за гордоста која ја приредија на сите граѓани на нашата држава со создавањето на документарниот филм „Медена земја“.

„Ви благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација“, рече премиерот Спасовски, кој беше придружуван од министерот за култура Хусни Исмаили, Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, советничката за култура Цветанка Ласкова и Бранко Петровски од Агенцијата за филм.