Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска (вторник, 17.03.2020 година), ќе учествува на видео конференцијата на Самитот за Западен Балкан 2020, под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.
На оваа видео конференција, на која ќе учествуваат сите премиери од земјите на Западен Балкан, и еврокомесарот за еврососедска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, ќе се разговара за соработката на актуелни прашања од интерес на граѓаните од регионот и за проширувањето на ЕУ.
