Прес или митинг на СДСМ? – Партиски активисти како поддршка за Заев, идеја на „професионалци“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На неколку од последните прес-конференции на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, освен новинарите не изостануваат ниту партиските активисти. Тие му служат на екс-премиерот за да ги поддржат неговите зборови со ракоплескање, но и да им се спротивстават со извици на новинарските прашања кои не им се допаѓаат. Истото се случи и денеска. Го пречекаа нивниот лидер со аплауз.

На ист начин ги поддржаа и неговите ветувања за идната Влада.

Во уште неколку наврати, на Заев не му недостигаше поддршката од неговите симпатизери…

Заев, активистите ги искористи и за мислење – дали треба да прифати дебата со опонентот Мицкоски на национална телевизија.

Сето ова придонесе новинарите да реагираат.

Екс-премиерот одговори дека ова е идеја на професионалците ангажирани во партијата, а која тој ја одобрил.

Рече дека ја разбира атмосферата дека наликува на партиски собир и дека службите ќе се позанимаваат со ова, но сепак продолжи истата атмосфера…

Потоа, активистите почнаа да реагираат и на прашањата кои не им се допаѓаа…

Ваквите сцени се повторија во неколку наврати…

Новинарите со слична појава се соочија и во 2018-тата на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на денот на референдумот кој се одржа за промена на името на државата.