Претпладне сончево, попладне со поголема облачност и дожд во делови од земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини.

Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.