Претрес во Куманово, пронајдени околу 5500 парчиња пиротехника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.12.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово.

При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.