Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 47-годишен прилепчанец, откако при претрес во неговиот дом бил пронајден поголем број предмети и материјали поврзани со марихуана.
Како што информираат од полицијата, претресот бил извршен на 18 август во 01:00 часот, во домот на И.Ѓ. (47) од Прилеп, со наредба од Основниот суд Прилеп.
При претресот биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како и повеќе различни пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
