СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 11.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки со 22 куршуми калибар 7.62 мм, 78 куршуми, марихуана, дигитална вага и дробилка.
