„Како да станам јас Претседател…Тоа е ветер во магла…“, велеше Али Ахмети.
Вака зборуваше пред една година лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кандидатурата на Блерим Река за претседател. Апелираше да се гласа за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски бидејќи како што велеше “нашите две општества не се зрели“.
„Се уште има комплекси, треба да бидеме реални, и тие имаат комплекси, имаат предрасуди нашите македонски сограѓани кои треба да ги надминат. И ние имаме наши комплекси, и така се надминуваат разликите“, истакна Али Ахмети.
Причината зошто ДУИ не го поддржи Река беше неверувањето дека Албанец може да победи без поддршка од Македонците.
„Сите знаеме и сме свесни дека кандидат Албанец со поддршка само од албанските политики партии не може да победи туку консензуален кандидат меѓу двете најголеми заедници, Македонците и Албанците, може да победи. Денес тоа е Стево Пендаровски, утре може да биде некој Албанец“, посочува Артан Груби.
Пред една година Интегративците веруваа дека Албанец не може да стане претседател без консензус, а сега се сами со идејата дека Северна Македонија може да го има првиот премиер Албанец. Помина една година по претседателските избори, никој не ја подржува ДУИ за премиер Албанец. Заев рече дека доколку ова е условот, ДУИ ќе остане во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нејзиниот претседател е кандидат за премиер, а албанските партии ја обвинија ДУИ за предизборен популизам.
„Сега е логичен чекор, да се скрши последната етничка бариера и етничките предрасуди за позициите во земјава“, истакна Бујар Османи.
ТВ21: Г. Османи како ќе се надмине оваа бариера кога ниедна од најголемите македонски партии не ја поддржува оваа идеја, дури наиде на критики од самите албански партии?
Б.О.: „Истата ситуација се случи кога кажавме дека ќе го добиеме Министерството за одбрана, истите реакции. Истата ситуација беше кога рековме дека градоначалник на Кичево ќе иде Албанец. Истите реакции беа дури и поостри. Истата ситуација кога велевме дека ќе имаме претседател на Собранието. Сомнежи од албанските парти, напади од македонските партии, но тоа се случи и ви гарантирам дека ќе се случи и ова со прв премиер Албанец сега“.
Кога зборуваат за премиер Албанец, Интегративците велат дека тоа ќе се постигне на овие парламентарни избори. Идејата е над партиска вели Османи барајќи ја поддршката од сите, вклучувајќи ги политичките партии, а гарантира дека оваа цел на ДУИ ќе биде постигната, со која, според него, ќе се скрши табуто на етничките монополи за државните функции.
