Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не може да се кандидира за премиер, одлучи Уставниот суд на Хрватска. Милановиќ не може да биде кандидат на листата на СДП се додека ја извршува функцијата претседател.
„УСУД на седницата на 18 март ја разгледа изјавата на претседателот на државата Милановиќ дека на изборите ќе излезе како независен и непартиски кандидат на листата на СДП. УСУД ги разгледа изјавите дадени на неговата Фејсбук страница дека ќе остане кандидат за премиер без разлика дали ќе се најде на листата на СДП. УСУД е должен да ги предупреди сите органи кои учествуваат во изборниот процес на непосредна одговорност за одлуките што ги носат. Одлуките мора да бидат во согласност со темелните вредности на државата“,изјави претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ, на прес-конференцијата по судската седница.
Милановиќ кажа дека не е важно што мисли Уставниот суд, дека тој сигурно ќе биде кандидат за премиер.
„Неважно е што мислат, небитно е што мислат во Уставниот суд. Тие можат да донесат каква одлука сакаат, јас ќе бидам во кампања и ќе бидам кандидат за премиер“,изјави вчера хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
