Претседателски избори – ЕФ, ВРЕДИ, ЗНАМ: Граѓаните да гласаат според сопствената волја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ден пред почетокот на изборниот молк, албанската ВРЕДИ и Европскиот фронт не ги ни повикаа своите поддржувачи дали треба да поддржат еден од претседателските кандидати во вториот круг. Ова не го прави ниту Максим Димитриевски од Движењето Знам. Ниту еден од нив јавно нема да го поддржи ниту Стево Пендаровски, ниту Гордана Силјановска Давкова. Тие велат дека граѓаните треба да одлучуваат по свое слободно убедување. Изет Меџити од коалицијата ВРЕДИ, вели дека не е добро Албанците да ги бојкотираат претседателските избори, туку да гласаат за кандидатот за кој сметаат дека е најдобар.

На ист став е и Арбр Адеми од Европскиот фронт. Тој вели дека Европскиот фронт не го променил ставот и нема да бара поддршка за ниту еден од кандидатите. Тој најавува дека ниту македонските политички партии кои се натпреваруваат на претседателските избори не побарале поддршка.

Европскиот фронт не го промени ставот во однос на претседателските избори. Граѓаните треба да одлучат како ќе се однесуваат во вториот круг од претседателските избори. Тие се слободни, врз основа на нивната слободна волја мора да одлучат како ќе се однесуваат“, вели Арбр Адеми.

Ниту Максим Димитриевски не бара поддршка за ниту еден од кандидатите.

На претседателските избори, кои ќе се одржат заедно со парламентарните на 8 мај, ќе се натпреваруваат Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите на Европскиот фронт и ВРЕДИ, Бујар Османи и Арбен Таравари не успеаја да го поминат првиот круг. Османи доби 120.000 гласови, а Таравари и Димитриевски по 83.000 гласови.