Со ЕУ претседава Германија и на првиот ден од претседавањето, ЕК објави нацрт преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија и истата е доставена до земјите членки на ЕУ за усогласување. По разгледувањето од страна на земјите членки, документот ќе биде даден на разгледување на нашата земја.
Рамката може да го дефинира преговарачкиот пат со ЕУ, која што е составена според новата методологија која беше објавена во февруари годинава, а усогласената рамка ќе биде објавена во октомври, објасни еврокомесарот за проширување, Оливер Вархелји.
„Нашите предлози се засноваат на ревидираната методологија за проширување што ја претставивме во февруари за да го направиме пристапниот процес поверодостоен, со посилно политичко управување, подинамичен и предвидлив. Со нетрпение ги очекувам дискусиите со земјите- членки и што поскоро одржување на првите меѓу владини конференции со двете земји“, истакна Вархелји.
Одлука на ЕУ е историски чекот , оцени, евро амбасадорот Самуел Жбогар
„Станува збор за важен чекор за Северна Македонија кон патот кон ЕУ. ЕК ја испрати нацрт преговарачката рамка до Советот на ЕУ за да ја разгледаат земјите членки.“, истакна Жбогар.
Преговорите почнуваат со поглавјата 23 и 24 за јавните набавки, демократските институции и реформите во јавната администрација. Рамката за преговори предвидува и три казнени инструменти. Со овие нови инструменти и се дава можност на нашата држава, доколку не покаже успех во преговорите, преговарачкиот процес може да се прекине или дури може повторно да се врати на поглавјата кои веќе се затворени. Активирањето на инструментите за санксиционирање може, освен од Комисијата на ЕУ, да се активираат и на барање на земјите-членки. Сепак, две третини од земјите-членки мора да гласаат за истото. Инструментите за казнување, исто така, ќе го утврдат износот на средства на ИПА фондовите за нашата земја.
