Презентирано конкурсно решение за кружен тек во Битола од авторите Томски и Рориќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авторите Дејан Томски и Мила Рориќ, го презентираа архитенското решение за кружен тек во Битола.

„Појдовната идеја на архитектонското решение за „Кругот на јарболите“  е гестот на ракување (handshake), пријателски поздрав, порака за добредојде за секој посетител на Битола, поради самата поставеност на овој кружен тек, на Дулие – влезот во градското јадро на Битола. Самите конзулати преставуваат знак на пријателство помеѓу народите, па ракувањето како гест на пријателство има повеќезначна симболика во дизајнирањето на просторот. Јарболите ќе бидат поставени по ободот на две елиптични форми кои претставуваат стилизирани раце кои се поздравуваат.“, велат авторите.

„Вториот аспект при обликувањето е вертикалното издигнување кое алудира на планината Баба како важна географска карактеристика и симбол на градот Битола.      

Со ритмичко повторување на вертикални елементи – столбови, се добива една транспарентна структура која ги обединува аспектите на репрезентативност, симболика и функција.

Кон главниот пристап од булеварскиот влез во градот, истакната е порака за добредојде во Битола, а кон внатрешноста на структурата предвидени се декоративни подни фонтани – гејзери и зеленило“, се вели во соопштението.