Новогодишните празници барем малку им ја зголемија работата на овој уличен уметник. Но оваа година вели дека неговата работа осетно опаднала поради пандемијата со Ковид 19. Тоа е причината што многу граѓани не шетаат низ центарот на градот. Агрон 25 години работи како уличен уметник а вели дека ова е најтешка година за него како уметник.
„Да, ќе излеземе но нема атмосфера, нема луѓе. Моментално е многу лошо. Минатите години подобро поминувавме, имаше подобра атмосфера. Луѓето беа без стрес. Мислам дека ќе биде и полошо но нема што да се прави. Владата така одлучи, немаме што да правиме, како вели владата така правиме“, вели еден уметник.
Но празниците ќе немаа смисла доколку на плоштадот Македонија немаше продавачи на костени.
Овој продавач на костени стои овде од утро до вечер и вели дека многу граѓани не ги почитуваат мерките против Ковид-19.
„Доста влијае затоа што нема движење на граѓаните. Избегаваат контакт со луѓе. Локалите кога се затворени. Но ете во Герамија тотално се затворија. Тука мора да има рестрикции но ние не се придржуваме до упаствата“, посочи продавач.
Врелите костени се компензација за ладните денови на зимата. Продажбата на костени е традиционален бизнис на плоштадот во Скопје.
