Ова е улицата Борис Кидрич во Тетово.
А, ова е 3Д проектот како ќе изгледа по реконструкцијата.
Минатата година, градоначалникот Биљал Касами беше оптимист дека улицата ќе биде готова до крајот на 2023, но како што се гледа, работите не се ни започнати иако помина половина година од 2024-та.
„Бидејќи се отворени многу работи, не можам да гарантирам дека ќе биде завршена пред летото, тоа ќе зависи од динамиката на формално-правните процедури и после тоа ќе му се додели на инвеститорот колку време ќе му треба да го реализира истото, но верувам дека во текот на годината оваа улица ќе биде реконструирана и ќе добие нов изглед“, вели Биљал Касами.
Сега од општината велат дека работите не се започнати поради големиот наплив од печалбари во градот.
„Тендерот за двете фази е завршен. Сега недостига само уште дозволата од СВР Тетово за сообраќајниот режим. Причината зошто не е реконструирана таа улица до сега е поради големиот наплив од печалбари. Сега верувам дека во текот на следниот месец ќе започнеме со работа каде се предвидени две ленти, да се прошири улицата и на средината на овој тротоар да се постави улично осветлување“, вели Албион Алили.
Општина Тетово овој проект ќе ја чини 12 милиони евра. Едниот тендер од 7 милиони и 240 илјади денари е отворен во февруари, а го доби компанијата Чаби Транс која го доби и другиот тендер кој се затвори овој месец, во вредност од 4 милиони и 874 илјади денари.
