Пријава за поставен експлозив во МНТ, евакуирани неколку објекти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Блокирани сите патишта кои водат до Македонскиот народен театар поради пријава за поставен екплозив. Полицијата се наоѓа на лице место, засега нема информации дали пријавата е лажна.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва биле евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Последна информација за која информира ТВ21 е дека полицијата го блокираше и патот кој води кон Владата, односно од Мавровка кон мостот „Гоце Делчев“. Не е познато за што станува збор. ТВ21 е на терен, и веднаш ќе инфомира за најновите случувања.