Принцот Вилијам ги повика светските лидери да преземат итни мерки за заштита на океаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот принц Вилијам денес ги повика светските и бизнис лидерите да преземат итни мерки за заштита на океаните на планетата, нагласувајќи дека тоа е „предизвик различен од кој било друг со кој сме се соочиле досега“.

Зборувајќи на собир пред Конференцијата на ОН за океаните, која започнува утре во Франција, Вилијам нагласи дека растечките температури на морето, загадувањето со пластика и прекумерниот риболов вршат притисок врз кревките екосистеми и луѓето кои зависат од нив, објави Ројтерс.

„Она што порано беше извор на изобилство се намалува пред нашите очи“, рече британскиот престолонаследник на форум во Монако.