Принудно слетување на Боинг 777 во Денвер – се запалил моторот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Боинг 777 на Јунајтед ерлајнс, кој летал кон Хонолулу, морал да слета кратко време по полетувањето од аеродромот во Денвер, поради дефект на моторот.

Според полицискиот извештај, деловите од моторот паднале во областа Брумфилд во Колорадо, а на снимките објавени на Твитер може да се види како гори практично расклопениот мотор на авионот за време на летот.

Претставникот на аеродромот во Денвер, Алекс Рентерија, за USA Today изјави дека авионот успешно слетал на аеродромот по откажување на моторот и дека нема повредени.