Пристигнуваат новите податоци: Во Прилеп 28 новозаразени, две лица починаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има 28 нови случаи на коронавирус, а 10 лица оздравеле од заразната болест.

Од последици на коронавирусот починаа две лица, на 55 и 56-годишна возраст. Бројот на активни случаи изнесува 354, од кои 312 се наоѓаат на домашно, а 42 на болничко лекување.


Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 659 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1172.
Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 54 лица.