Приватните превозници по шестмесечна пауза денеска се вратија во сообраќај.
Вчера беше потпишан договор меѓу ЈСП Скопје и приватните компании за да се вратат во сообраќај 105 автобуси на редовни линии како што функционираа претходно. Условот беше да ги исполнат еколошките стандарди.
И шоферите и патниците се среќни.
Инаку приватните превозници не сообраќаа од ноември минатата година бидејќи им беше укинат договорот од страна на Град Скопје. Велеа дека градот им должи 1,5 милиони евра и тоа резултираше со протести блокирајќи ги најважните крстосници во главниот град.
