Приватните превозници пред канцелариите на ЈСП – директорот не ги прими, бил на друг состанок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возачите на приватните автобуси се собраа денеска пред канцелариите на ЈСП.

Тие побараа средба со директорот на претпријатието за да разговараат во врска со долгот од 2 милиона евра и да прашаат зошто се пуштени тие 5 илјади денари последниве денови.

Но средба не се одржа бидејќи директорот не бил тука.

Возачите велат дека сега ќе инсистираат да се сретнат со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска но и со премиерот Ковачевски.

„Сметаме дека градоначалничката на Скопје ќе не прими бидејќи ние сега имаме нов совет, не излегуваме да обвинуваме никого. Да видиме кој е виновник, зошто парите не се пуштени, требаше да ни пушти пари, треба да ја знаеме причината зошто“, вели Мемед Асани.

Тие најавуваат дека доколку не се најде решение повторно ќе ги блокираат улиците на Скопје. Побаравме одговор од ЈСП и ГрадСкопје дали ќе се сретнат со приватните превозници, но до ова издание на вестите не добивме одговор.