Приведен 25-годишен неготинец – физички ја нападнал сопругата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Полициска станица Неготино вчера  лишиле од слобода 25-годишен неготинец бидејќи физички ја нападнал неговата 21-годишна сопруга.
За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.