Полициски службеници од ОВР Кичево вчера попладне го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Кичево. Од криминалистичката полиција, со судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.
