Приведен бегалец од затвор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 02.12.2024 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(30) од Струмица.

Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.