Минусот во Пензискиот фонд за 14 години покрај 9,6 милијарди евра, изеде и дополнителни 6,3 милијарди пари од граѓаните преку државниот буџет, но дупката во Фондот уште ќе се продлабочува па од 2025 до 2029 година ПИОМ ќе ги чини граѓаните уште дополнителни 4 милијарди евра, укажува фискалната стратегија или за 19 години граѓаните, покрај пензискиот придонес, платиле и ќе платат вкупно 10,5 милијарди евра плус од буџетот за сервисирање на дупката во Пензискиот фонд за редовна исплата на пензиите.
Како ќе ги санираме штетите, ќе се оди ли на 67 години во пензија од 2026 година и дали ќе расте стапката на пензискиот придонес се прашањата кој си ги поставуваат граѓаните, но главното прашање е како стигнавме до тука!
Токму затоа, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 анализираме како низ годините растеше минусот во Фондот за пензиско и колку дополнително ќе порасне.
